еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за несреќата кај Ласкарци

Една недела по годишнината од трагедијата во близина на селото Ласкарци, во Кривичниот суд е закажано ново рочиште против шестмината обвинети за големата сообраќајна несреќа предизвикана од автобусот на компанијата „Дурмо турс“.

На последните рочишта за овој предмет беа презентирани извештаи од вештите лица од Судска медицина и психијатар, во кои се наведе дека шоферот, сега обвинет Маноил Трифуновски, боледувал од дијабетес, но тоа не било причина за забрана за извршување на работните обврски.

На 13 февруари 2019 година, околу 16:30 часот, по наплатната рампа „Глумово”, на патниот правец Скопје – Тетово, автобус на „Дурмо турс“ излета од патот, при што загинаа 16 лица, а над 35 поминаа со тешки повреди.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството ќе ги испрашува „другарите“ на Груевски од Будимпешта

Редакција

МВР: Дојавите за експлозивни направи во седум училишта се лажни

Редакција

Досега вакцинирани 2.680 здравствени работници

Редакција