еМагазин
Image default
Македонија

Треба да сведочи Спасовски: Продолжува судењето за организаторите на насилствата во Собранието од 27 април

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на насилствата во Собранието од 27 април 2017 година.

На предлог на обвинителката Вилма Рускоска, на денешното рочиште треба да сведочат премиерот Оливер Спасовски и Михаил Младеновски, еден од обвинетите за насилствата во законодавниот дом.

Рускоска најави дека како сведок ќе биде повикан и Александар Василевски – Нинџа, осуден на осум години затвор за „27 април“.

На првото рочиште за организаторите на насилствата во Собранието одржано на 26 февруари, обвинетите Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски, се изјасника дека не се винови за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност”.

Поранешните државни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои се товарат за организирање на „крвавиот четврток”, кажаа дека го сметаат обвинието против нив за политички прогон.

Обвинителката Рускоска, пак, тврди дека ќе докаже оти обвинетите изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство за да спречат мирно примопредавање на власта, што резултира со насилствата на 27 април 2017 година.

Во истрагата за организаторите беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Судскиот процес го води судијата Илија Трпков.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 76 случаи на заразени од корона вирусот од кои 52 во Скопје

Редакција

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ објави нови имиња од аферата „Тајни имоти“

Редакција

Наместо со девет, Уставен суд остана со пет судии: Заврши мандатот на судијата Јован Јосифовски

Редакција