еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Рекет“

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска е закажано ново рочиште за случајот „Рекет”.

На последното рочиште за овој предмет беа презентирани докази од комуникацијата меѓу обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и други лица, каде меѓу другото се најде и комуникацијата што овој обвинет ја имал со поранешниот премиер Зоран Заев.

Исто така од страна на обвинителката Ирена Трајчевска, се презентира и слики каде што обвинетата Катица Јанева се гледа со снопче од 500 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фотографија од Јанева со снопче пари од по 500 евра пред неа во мобилниот на Боки 13

Судење за „Рекет“: Боки 13 и адвокатот Димишков ја нарекувале Јанева „мајка“

Случајот „Рекет”, во води Кривични совет предводен од судијката Васка Николовска-Масевска, односно обвинението го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Милошоски пушти аудио-снимка во Собранието: З.З знаел чии биле парите, за Боки 13 да ја финансира телевизија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сијарто до Димитров: Барањето на Груевски за азил е правно, а не политичко прашање

Редакција

Шпанскиот амбасадор Лоренцо: Ратификацијата на Протоколот за НАТО во Шпанија до 11 февруари тешко, но не и невозможно

Редакција

(АУДИО) Сите осум разговори кои денеска ги објави италијанскиот весник Ла Верита

Редакција