еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Рекет“: Ќе сведочи поранешната обвинителка на СЈО, Лиле Стефанова

Поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“ денеска треба да сведочи на рочиштето за случајот „Рекет“.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска и се наоѓа во доказна постапка.

Како сведок во судот исказ претходно даде даде и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска.

Досега исказ дадоа и бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври минатата година поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЈО поднесе жалба на одлуката на Основниот суд за тројцата осомничени од предметот „Поштенска банка“

Редакција

Судот во Стразбур утре ќе ја донесе првата пресуда за трансродово лице во Македонија

Никола Осило

На 20 септември ќе се слушаат „бомби“ за „Тортура“, без присуство на јавност

Редакција