еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава. Застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска, а обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди, бидејќи таа се спогоди со Специјалното јавно обвинителство (СЈО), призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа  организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица поднесе кривична пријава за „кражба на струја“ во Арачиново

Редакција

Во министерството на Артан Груби лани потрошени над 160 илјади евра за скриени хонорари, открива БИРН

Редакција

Села ја повика Бугарија да го крене ветото за Македонија

Редакција