еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“.

Претходното рочиште што беше закажано за 20 ноември, беше одложено поради отсуство на обвинетиот Мартин Протуѓер. Судијата Осман Шабани тогаш рече дека Протуѓер не го известил судот за своето отсуство и најави дека за следната расправа ќе даде наредба за негово полициско спроведување.

На денешното рочиште се повикани четворица сведоци.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Случајот го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за потоа да го преземе државното Јавно обвинителатво, а случајот повторно беше распределен на јавната обвинителка Лиле Стефанова.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува кампањата за референдумот за името

Редакција

Зеќир Рамчиловиќ избран за потпретседател на Собранието

Редакција

Полицискиот час го прекршиле 117 лица, приведени 89

Редакција