еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник 3“ на СЈО

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година, „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Во Титаник 3 обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој им се заканува на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ?

Редакција

Убава вест: Оздравени 131 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје и Куманово

Редакција

Вкупно 8.002: Од Ковид-19 починаа две лица

Редакција