еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник“

Во Основниот кривичен суд Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“, што од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го презеде во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство.

Случајот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Се изведуваат материјални докази предложени од обвинителството. Досега се изведени околу 5.400 од над 5.900 докази.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејствата на починатите во пожарот во модуларната болница бараат ново обвинение

Редакција

СЕММ: Недозволиво е дрско однесување на владини претставници кон медиумски работници

Редакција

Едно лице почина од Ковид-19, вкупно до сега 5.489

Редакција