еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Траекторија“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, „Траекторија“.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

На минатото рочиште беше сослушано вешто лице, кое што одговараше на прашања на одбраната за неговото вештачење изработено 2016 година за автопатот Кичево-Охрид, на барање на обвинителството.

Случајот се води против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Временската разлика од шест години од стореното кривично дело, а без правосилна пресуда во судот, го спаси од кривичен прогон поранешниот премиер Никола Груевски во предметот. Судечкиот совет, по барање од адвокатот по службена должност што му беше одреден на Груевски, на кого му се суди во отсуство, констатирал застареност на случајот поради истекот на шест години од стореното дело, а без правосилна пресуда.

Според обвинението, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новото обвинителство може да го отвори од почеток случајот „Империја“

Редакција

Вељаноски: Јас да бидам организатор на настаните? Срамота!

Редакција

На судењето за „Трезор“ исклучена јавноста, сведочи вработена во УБК

Редакција