еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за убиството на младиот Никола Саздовски

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиство на дваесетгодишниот Никола Саздовски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на денешното рочиште треба да бидат сослушани тројца вештаци.

На минатотот рочиште еден од сведоците во судница ги препозна Бесир Беља и Скендер Демири, кои според обвинителниот акт заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумулативната инциденца во Куманово над 100, како изгледа мапата по градови

Редакција

Нови 57 случаи на Ковид-19, оздравени 90, двајца починати

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 67 пациенти, а вкупно се лекуваaт 686

Редакција