еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Проф. Дујовски: Во случај на нуклеарен напад, секој граѓанин треба да добие медицински пакет кој ќе содржи јод

Европа не треба да се грижи за мобилизацијата на 300.00 руски војници, но постои реална закана од можноста Владимир Путин да го вклучи црвеното копче и да употреби нуклеарно оружје, вели во интервју за Агенда 35 на МРТ, професорот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски.

Тој вели дека од тоа не смееме да бегаме, и од тие закани никој не смее да стои на страна, туку мора да се подготвуваме што е можно повеќе за еден таков негативен развој на настаните.

„Стравот е голем и оправдан затоа што Путин има огромна нуклеарна моќ. Според проценките на познавачите и на експертите, 9 до 10 пати Руската федерација е доминантна во однос на малите нуклеарни боево глави. И тоа дефинитивно може да биде закана по безбедноста на Европа и целиот свет,“ објаснува Дујовски.

Тој додава дека постојат некакви одбранбени системи, постои штит кој НАТО го инсталирал пред неколку години на своето источно крило, за да ги заштити другите држави од Европа, но како сето тоа функционира не можеме да знаеме.

Македонија, според професорот Дујовски ќе има заеднички одговор како и другите земји-членки на НАТО. Што се однесува до нашите граѓани, постојат протоколи кои се изготвени, во случај на вакви вонредни ситуации.

„Центарот за управување со кризи, ги има, разработува и во дадено време ќе ги сподели со граѓаните, како мора да постапуваме во случај на закана од нуклеарен напад. За тоа, секако медицинските лица се многу поодговорни.

Моите познавања се во насока дека во комплетот на прва помош кој што секој граѓанин ќе го има доволно количество на јод, за да се заштитиме од радијација.

Или во најлошо сценарио дека ќе дојде до таков судир дека тоа ќе биде подалеку од територијата на Македонија, но и во таков случај, мора да ги имаме медицинските комплети во кои што ќе има, што лекарите ќе го предложат за превенција и заштита на населението од можната опасност за од радијација,“ вели Дујовски.

Фото: Фејсбук/Дујовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација го врати предметот за дедото на Тамара од почеток

Редакција

(ВО ЖИВО) Демонстрантите за случајот „Монструм“ го нападнаа полицискиот кордон, неофицијално има повредени полицајци

Редакција

БИМ Свети Николе ќе дели дивиденда од 2.000 денари бруто по акција

Редакција