еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф.Трајковски: Смртноста од Ковид-19 се приближи до смртноста од сезонски грип

Независно од намалувањето на дневниот број на новодијагностицирани, бројот на хоспитализирани изминатата недела продолжи да расте (сината линија на првиот дијаграм), пишува проф. Дејан Трајковски во неговата ковид-анализа.

„Моментално во болниците има 180 хоспитализирани, од кои 45, односно една четвртина се на кислородна поддршка.

Овој процент е многу понизок во споредба со минатите години и покажува дека: 1.) сега во болниците има сосема доволно места и се примаат и полесните случаи и 2.) веројатно самата клиничка слика во просек е полесна во споредба со порано.

Забележуваме зголемено доцнење на врвот на хоспитализациите и смртните случаи зад врвот на новодијагностицираните, повторно споредено со поранешните бранови, што исто така може да се објасни со поблагиот тек на болеста.

Стапката на хоспитализираност (сината линија на вториот дијаграм) се уште искачува, но сепак е пониска отколку во претходните бранови.

Сé уште искачува и седумдневниот просек на бројот на починати (жолтата линија на третиот дијаграм), но тој број останува во границите на порано прогнозираниот просек од 5 починати дневно.

Досега видовме максимално 7 починати.

Блиску сме до врвот на смртните случаи, којшто би требало да настапи во следните денови, но симулациите (црвените прачки на четвртиот дијаграм) не покажуваат видливо зголемување од сегашните броеви.

Зголемувањето на бројот на хоспитализирани предизвикува мала загриженост.

Конечно, полесниот тек на болеста можеби најдобро го покажува и средното времетраење од отворање до затворање на случаите (на петтиот дијаграм).

Практично од пристигнувањето на омикрон сојот околу Нова година, просечното време на затворање изнесува само 7,5 дена, што значи дека најголемиот број на случаи (преку 95%) се асимптоматски и лесни, кои се затвораат автоматски после 7 дена од отворањето.

Моментално само 4,5% од сите дијагностицирани стигнуваат до болница, а од сите дијагностицирани само 0,45% умираат, така што приближно можеме да ја оцениме стапката на болнички леталитет на околу 10%.

Ова претставува големо намалување во однос на претходните бранови и практично се приближува до некогашните стапки во развиените земји. Ова е уште еден показател дека епидемијата постепено губи на драматичност, па во иднина дури и во случај на нови избувнувања, смртноста не би требало да биде голема, а можно е да биде дури и помала.

Веќе видовме дека леталитетот веќе се приближи до леталитетот на сезонскиот грип,“ пишува Трајковски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Ако продолжи морталитет од 1 починат на милион жители дневно, ковидот годинава би бил околу деветтото место како причинител за смрт

Проф.Трајковски: Имунитет скапо го плативме со околу 16.000 починати, но барем отсега понатаму влегуваме во помирни епидемиски води

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За кои три убиства се сомничи кримналната групата од Грчец

Редакција

Мицкоски на средба со Орбан, разговарале за ЕУ-интеграциите, енергетската и мигрантската криза

Редакција

Убава вест: Оздравени 395 болни од Ковид-19

Редакција