еМагазин
Image default
Македонија

Професионалниот возач од Кочани нема коронавирус

Мажот од Кочани, кој од вчера е сместен во изолациска болничка соба на Инфективното одделение во Штип е со негативен тест за корона вирусот.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека штотуку пристигнале официјалните резултати од направениот тест, кои покажуваат дека мажот нема коронавирус.

Тој истакна дека епидемилозите ја следат неговата здравствена состојба, по што ќе одлучат и кога ќе биде пуштен дома.

Вчера во придружба на епидемилог од Центарот за јавно здравје беше донесен мажот од Кочани, кој имал сомнителни симптоми. Кочанецот е професионален возач и бил во Италија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прва жртва од коронавирусот во Албанија

Жена почина од корона вирусот во Бугарија

Бројот на заразени со корона вирусот во Грција се искачи на 99 лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за 23 лица кои протестираа во Ченто за време на полициски час

Редакција

Не можев да го чекам завршување на истрагата кога ја видов загриженоста на родителите на Пендиков, рече Османи

Редакција

Спасените 12 пациенти немаат повреди од пожарот, еден починат меѓу ковид-болните во Тетово

Редакција