еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Професор Трајковски: Индискиот сој директно слегува во белите дробови, заканата треба да биде сфатена сериозно

Проф. Дејан Трајковски кој редовно на Фејсбук прави анализи за Ковид-19 состојбата, овој пат се осврнува на индискиот сој, кој неодамна од Светската здравствена организација го доби името „Делта“.

“После пробивањето на нагорната линија на трендот (црвената линија на дијаграмот) се чинеше дека ништо не може да го сопре намалувањето на бројот на активни случаи до нула, при минимален раст на вкупниот број на случаи (сината линија на истиот дијаграм).

Сепак, темносината линија веројатно тука некаде ќе сопре со намалувањето и кривата извесно време ќе изгледа како замрзната.

Ако го погледнеме истиот тој фазен портрет I-T (активни наспроти вкупно случаи), но во зголемен размер, на втората слика, забележуваме дека практично повеќе нема намалување на бројот на активни случаи, при бавен раст на бројот на активни случаи.

Тоа е темпото на спорадичното заразување, коешто моментално изнесува околу 13 случаи за 14 дена на 100.000 жители.

Со истото темпо (како на додавањето нови случаи) се завораат старите случаи, поради што бројот на активни случаи стагнира.

Не се забележува доцнење во затворањето на случаите и моментално просечното време изнесува околу 18 дена, што е во границите на нормалното.

Ефективниот репродукционен број неделава е само минимално под единица, што значи дека имаме проста репродукција, односно приближно константни (во просек) дневни бројки на нови случаи.

Следејќи го бројот на хоспитализираните (жолтата линија на четвртиот дијаграм), забележуваме дека и овој број речиси пристигнал до долното плато, со просечно стотина активно хоспитализирани.

Засега ништо алармантно и се уште ништо не укажува на зголемување на бројките.

Сепак, најдобронамерно би им препорачал на нашите здравствени власти да порачаат ПЦР реагенси за индискиот сој на вирусот SARS Cov2 v. B.1.617 “Delta” (на пример од компанијата Шимидзу или други), бидејќи пристигнуваат информации од светот дека со постоечките реагенси ПЦР тестовите не го детектираат овој подмолен сој.

Да биде неволјата уште поголема, Делта сојот директно слегувал во белите дробови и потешко се детектирал со брисеви од назофарингеалната (носно-ждрелната) шуплина, кадешто пократко се задржувал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Мехмедовиќ за СП: Индиската варијанта на коронавирусот доведува до гангрена, ампутации на стапалата и губење на слухот

Епидемиологот Стојанов: Индиската мутација ги напаѓа и тие со силен имунитет, вакцинираните да не се грижат

Ако е вистина, како што тврдат британските експерти, дека преносливоста на индискиот „Делта“ сој е за 40% – 60% (!) повисока од преносливоста на британскиот „Алфа“ сој, тоа би значело дека неговиот базичен репродукционен број R0 изнесува 5 – 6.

Со толку висока преносливост, дури и под најоптимистичка претпоставка дека моменталниот степен на колективен имунитет изнесува околу 60% (за која моите проценки – врз основа на стапката на серопреваленција – кажуваат дека е претерана и не изнесува повеќе од 40%), неминовен е нов бран, се додека стапката на прележаност не го достигне новото ниво на колективен имунитет од 84% (1-1/R0 = 1 – 1/6 = 84%).

За опасноста од нов бран во Европа предупредува и Светската здравствена организација, а тие проценките не ги даваат туку-така, од ракав.

Поради доаѓањето на летото, моменталната преносливост на вирусите во Македонија е прилично намалена, па веројатно нема да видиме брзо ширење на вирусот „Делта“ како во Велика Британија.

Меѓутоа, со доаѓањето на есента, особено доколку стапката на вакцинираност остане на овие ниски нивоа, нов бран ќе биде неминовен.

Заканата од новиот сој „Делта“ треба да се сфати крајно сериозно, а здравствените власти заедно со населението да побрзаат со процесот на вакцинација ако не сакаат зимава повторно да живееме под рестриктивни мерки.

За страдањата и смртните случаи да не зборуваме – доволно е да се потсетиме на сликите од индиските болници“, пишува тој во најновата анализа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор Трајковски: Од Ковид-19 изгубивме население еквивалентно на град со големина помеѓу Ресен и Виница

Проф. Трајковски: Кинеските вакцини не созддаваат клеточен имунитет, нивната заштита многу брзо „бледее“

Професор Трајковски: Моменталната прележаност од Ковид-19 е 29,8%, ако се вакцинираат барем 1,1 милион жители, можеме сосема да спречиме нов бран

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американците велат има Македонци во САД, Бугарите велат нема

Редакција

Владата ги задолжи сите државни институции да ги користат услугите на Пошта

Редакција

Градоначалникот на Крива Паланка шамарал полицаец, МВР најави пријава

Редакција