еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Прогласена епидемија на мали сипаници на територијата на цела држава

Комисијата за заразни болести донесе заклучок да биде прогласена епидемија на мали сипаници на територија на целата држава, изјави денеска доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Посочи дека прогласувањето на епидемијата е со цел да се спроведат дополнителни мерки за да се спречи натамошното ширење, да се намали бројот на нови инфекции и да се спречат тешките форми на ова заболување.

– Една од мерките е забраната за посета на градинките, втората мерка која е предложена е да се намали возраста за вакцинирање од 12 месеци на шест месеци, бидејќи голем дел речиси 100 деца се на возраст под една година и тие се највулнерабилна група за тешки форми на заболувањето.

Дополнително, бидејќи имаме заболени меѓу повозрасните лица кои по редовниот календар не подлежат на вакцинација, Комисијата донесе одлука да се зголеми возраста за вакцинација, така што секое лице постаро од 14 години ќе може слободно да се вакцинира во центрите за јавно здравје односно на возраст од 14 до 60 години, рече доктор Микиќ.

Тој рече дека другиот сет мерки, што е предложен, е сите здравствени работници на територија на цела држава да мора да се вакцинирани со две дози на МРП вакцина.

Нагласи дека се забрануваат посетите на болниците и таа мерка мора да се почитува со цел да се намали можноста за внес на нова инфекција во болнички услови, а негувателките во градинките ќе бидат задолжително проверени за нивниот вакцинален статус и ќе треба да бидат уредно вакцинирани.

-Повеќе од 70 деца со мали сипаници се хоспитализирани, од кои 55 се на Клиниката за инфективни болести, а 15 на Клиниката за детски болести. Од нив повеќе од седум се во потешка состојба, но сите се хоспитализирани, бидејќи имале компликации од мали сипаници, додаде доктор Микиќ.

Ваквиот заклучок бил донесен, бидејќи веќе се пријавени 961 случај со морбили.

Во последната недела повеќе од 60 отсто од пријавените случаи кои се највисоки на неделно ниво биле надвор од Скопје, веќе шест центри за јавно здравје имаат прогласено епидемија на мали сипаници со вкупно население кое е повеќе од половина односно 55 отсто од територијата на државата.

Вкупно 20 градови имаат регистрирано случаи на мали сипаници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 нуди 143 илјади евра гаранција во имот за поблага казна од притвор

Редакција

Одбраната на Јанева разочарана од пресудата, сметаат дека казната е превисока

Редакција

(Фото) Актерката Џејми Ли Кертис доби тегла мед од Атиџе

Редакција