еМагазин
Image default
ЖИВОТ

#ПроговориСлушни – светска кампања на AVON против родовото насилство

AVON и Фондацијата за жени на AVON го објавија партнерството со Светската асоцијација на женски водичи и извидници (World Association of Girl Guides and Girl Scouts (WAGGGS)) за борба против родовото насилство. Најавата е во знакот на 16 Денови активизам против родовото насилство, а самото партнертсво следи по истражувањето финансирано од страна на AVON Фондацијата, со кое се откри дека 38% од жртвите на насилство и злоупотреба не се сигурни каде да побараат помош, додека 60% од нив не веруваат дека ќе бидат сериозно сфатени.

AVON ќе соработува со WAGGGS за да ја осигура можноста дека поголем процент на жени и девојчиња ќе бидат способни да го препознаат родовото насилство и да ги знаат изворите од каде може да добијат помош. Како дел од партнерството, организациите ќе лансираат нова програма за обука и свесност за Претставниците на  AVON, како и за жените водичи и извидници во 3 земји: Јужна Африка, Филипини и Аргентина.

Целта на ова партнерство е да се креираат материјали за обука кои ќе може да се користат низ целиот свет, со потенцијал да допрат до повеќе од 15 милиони жени и девојчиња – обучени од AVON и WAGGGS.

Програмата е дизајнирана да го засегне молкот надвиснат над родовото насилство, охрабрувајќи ги жените и девојчињата кои се жртви на насилство и злоупотреба без страв да проговорат и да ја добијат потребната поддршка.

Претседателката на Фондацијата за жени на AVON, Ејми Грин, изјави:

“AVON Фондацијата е посветена на рушење на бариерите кои ги кочат жените и девојчињата. Една од три жени е директна жртва на родово насилство ширум светот, додека семејното насилство е убиец на многу жениПремногу често, жените и девојчињата тивко страдаат, а препознавањето на знаците на насилство и злоупотреба може да претставуваат потешкотија за пријателите и семејството. AVON сака да го отвори дијалогот за насилството врз жените и девојчињата, да помогне во едукацијата и да ги охрабри луѓето да проговорат за тоа. Заедно со WAGGGS имаме простор и можност да допреме до многумина и да направиме значителна разлика.”

Претседателката на Светската Асоцијација на жени водичи и жени-извидници, Сара Нанколас, изјави:

Насилството врз жените и девојчињата е еден од најзастапените и светски познати нарушувања на глобалните човечки права кое добива епидемиски пропорции. Во партнерство со AVON Фондацијата, ние ќе ги поддржиме младите девојки и девојчиња да станат носители на промените во сопствената околина, да почувствуваат дека имаат глас за борба и да градат свесност преку разбивање на митовите со кои е обвиткано насилството и дискриминацијата. Ние сме благодарни за поддршката од AVON и AVON Фондацијата во унапредувањето на оваа исклучително важна мисија.”

Покрај партнерството со WAGGGS, AVON останува посветен да биде глобален глас кој ќе фрли светло на многуте форми на насилство, напади и злоупотреба со кои се соочуваат жените и девојчињата. Во текот на 16те дена активизам против родовото насилство, во периодот помеѓу од 25ти ноември 10ти декември, AVON ќе донира средства од продажбата на производи од специјалата линија со син знак на бесконечност, со цел поддршка на невладини организации ширум светот кои се борат против родовото насилство.

Досега, за таа цел, AVON Фондацијата и компанијата AVON донирале 65 милиони долари во светски рамки.

AVON Македонија ја оствари својата прва донација во вредност од 10.000 долари во 2017та година, отпочнувајќи го партнертството со невладината организација Кризен центар “Надеж”. Средствата беа наменети за едукација, поддршка на СОС линијата и подобрување на условите на шелтер центарот.

Заложбите и посветеноста за креирање на подобар и побезбеден свет за жените и девојчињата продолжува и понатаму!

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела од Ковид-19 починале 9 лица

Редакција

Граѓански здруженија бараат декриминализација на канабисот во државата

Редакција

(Фото) Украинка се породи на гинекологија во Чаир

Редакција