еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Промени во раководството на ДУИ: Кои се новите секретари?

Атила Реџепи за нов генерален секретар на ДУИ и Артан Груби за организациски секретар на партијата, се двете кадровски решенија за испразнетите партиски функции што по околу три часа ги донесоа Централното претседателство и Генералниот совет на ДУИ на двата одвоени и последователни состаноци што вчера се одржаа во партиското седиште во тетовска Мала Речица.

Партискиот портпарол Бујар Османи, посочи дека главната цел на двата сотаноци на овие партиски тела пред завршувањето на оваа календарска година било ретроспектива на политичките состојби и случувања во измината година.

-Беше разгледана улогата на ДУИ во важните политички процеси изминатата година, но и предизвиците што претстојат и со кои ќе се соочува партијата, граѓаните и државата во 2019 година. Бидејќи местото генерален секретар на ДУИ остана испразнето по смртта на Абдулаќим Адеми седниците беа искористени од страна на претседателот Али Ахмети да го предложи професорот Атила Реџепи за оваа позиција, како и пратеникот Артан Груби за организациски секретар што беше прифатено од членовите и на Централното претседателство и Генералниот совет.

Нивна задача ќе биде да му помагаат на претседателот Ахмети во партиските задачи, како и подготовката со регистрацијата на членството и изборите на младинскиот форум и форумот на жени за конгресот на ДУИ во јуни следната година, рече Османи.

Една од главните теми на состаноците на телата на ДУИ била и завршувањето на процесот на уставни измени што се очекува до средината на јануари.

-ДУИ имаше клучна улога во целиот овој процес и неговото менаџирање. Се уште сме анксиозни околу завршување на процесот, бидејќи се оди по раб на потребното мнозинство. Но сметаме дека процесот е иверзибилен, односно неповратен. Сепак сите треба да бидат внимателни за да го заокружоме така како што треба и со тоа да ги отвориме сите можни перспективи за државата, изјави Османи.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЈО предлага домашен притвор за Камчев, Панделевски, Јанакиески и Божиновски, за Мијалков се уште нема мислење

Редакција

Река за МИА: Уште малку ќе завршиме како празна држава, и граѓаните веќе се имуни од предизборни ветувања

Редакција

(Фото) Заев замина приватно за Германија, во Приштина се сретна со Рамуш Харадинај

Редакција