еМагазин
Image default
Локално

Промени во паркирањето во општина Центар

Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) воведува промени во начинот на користење на резидентните паркиралишта со кои стопанисува, односно отсега тие ќе бидат наменети само за станарите кои живеат во тоа подрачје.

Од ПОЦ појаснуваат дека промените се воведуваат со цел да им се овозможи на жителите на општина Центар непречено да ги користат резидентните зони исклучиво за сопствени потреби.

„Со овие промени ќе се воведе ред во паркирањето на резидентните паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието со цел ослободување на тротоарите, пешачките зони и јавните површини од непрописно паркирани возила“, велат од ПОЦ.

Во наредните два месеци контролори на ЈП ПОЦ ќе ги опоменуваат сите возила што ќе бидат затекнати на резидентно паркиралиште или резидентна улица, а не се корисници-резиденти на секторот каде се паркирани, а од 10 април оние кои ќе постапуваат спротивно ќе бидат санкционирани со поставување на механичкото средство „блокатор“ или ќе бидат отстранети со специјалното возило „пајак“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец нападнат со нож пред ресторан на улица „Е.П.Марко“

Никола Осило

Браво за Велес: Парите за новогодишни украси и календари ќе ги додели на 100 социјално загрозени семејства

Редакција

Скопјанец пронашол црна торба полна со марихуана

Никола Осило