еМагазин
Image default
Бизнис

Фирмите за три месеци треба во Централен регистар да ги пријават вистинските сопственици

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф, директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски и директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, денеска го промовираа новиот Национален регистар за вистински сопственици.

Регистарот како што истакна Николовски претставува најсовремено технолошко решение, со бројни контроли и силен фокус на позитивното корисничко искуство и со него во периодот што следува, институциите во државата добиваат уште една квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам.

Целта на регистарот е да навлезе длабоко во сопственичката структура на правните субјекти за транспарентно да објави кој е тој што реално профитира од работата на компаниите во нашата земја, скриен зад комплексна слоевита правна структура.

„Доколку органите на истрагата и на прогонот немаат можност за јасна идентификација на сторителите на кривични дела, тие остануваат немоќни во процесот на нивното гонење и изведување пред правдата, што придонесува овие криминални шеми дополнително да се продлабочуваат.

Токму во овој контекст, една од главните алатки за справување со овој ризик е овозможување на транспарентност на ниво на вистински сопственици на правните лица.

Тоа подразбира идентификување на физичките лица кои директно или индиректно остваруваат управувачка или контролна улога во едно правно лице, односно на било каков начин имаат крајно и ефективно влијание во работењето и управувањето на истото“, изјави Николовски.

Заменик-амбасадорот на Германија, Ото Грфа рече дека Европската унија утврди дека регистарот на вистински сопственци е од многу големо значење и поради тоа од јануари 2020 година го направи да биде задолжителен за сите земји-членки на ЕУ.

Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски посочи дека обврска на секое овластено лице на правен субјект во државата е да го утврди и да го верификува својот вистинскиот сопственик или сопственици, согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, и истите електронски да ги евидентира во регистарот на вистински сопственици.

„Воспоставувањето на Националниот регистар за вистински сопственици ќе даде дополнителен квалитет во однос на транспарентноста на домашниот пазар но, e и алатка во борбата со перење на пари и финансирање на тероризам.

Регистарот има за цел евидентирање и обезбедување точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на правните субјекти,“ изјави Бошковска Јанковски.

Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов, изјави дека е важно да се има сеопфатен, точен и ажурен Регистар на вистински сопственици кој е изработен согласно барањата на меѓународните стандарди.

„Важноста дека имаме точен регистар согласно меѓународните стандарди беше водилка за подготовката на Законот за спречување перење пари и финасирање тероризам и еден поттик за воведување на законски мерки за вистинитоста на регистарот.

За таквите мерки предвидени во законот ќе ни помогнат субјектите кои се правни дејства и кои применуваат мерки дејствија за спречување перење пари, како што се банките и сметководителите и останатите субјекти кои имаат воспоставено континуиран деловен однос со нивните клиенти правни лица“, изјави Трендафилов.

Постоечките субјекти имаат рок од 90 дена да ги внесат потребните податоци, а потоа секоја промена на структурата на вистинските сопственици се пријавува во рок од 8 дена.

Новооснованите субјекти ќе имаат рок од 8 дена од основањето да ги запишат вистинските сопственици. Уписите извршени во законските рокови се бесплатни.

Пријавата може да ја поднесе застапникот по закон на субјектот но, за тоа може да овласти и регистрационен агент односно кое било друго лице кое има електронски потпис.

Рокот од 90 дена за пријавување на вистинскиот сопственик почнува да тече од денеска 27 јануари и сите правни субјекти кои се обврзани треба да поднесат пријава во Регистарот, со цел да ја исполнат оваа законска обврска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на УО на Гранит, Страшо Милковски купи 11.731 акции во Друштвото

Редакција

Комисијата за заразни болести го одобрила протоколот за јавни настани: Публика во 50 отсто од капацитетите

Редакција

Анализа на „Пари“: Колку заработиле лани Макпетрол, Окта, Лукоил, Супертрејд и Дади Оил

Редакција