еМагазин
Image default
Локално

Пронајдено починато бебето на 19-годишната струмичанка која се породила дома

Пронајдено е починато бебето на 19-годишната струмичанка, која се породила дома. Случајот во саботата во СВР Струмица го пријавил лекар од струмичката болница, каде била хоспитализирана  девојката, а по извршениот преглед било констатирано дека претходнобила породена.

– Во врска со случајот објавен во вчерашниот извадок од дневни настани во кој известивме дека на 3 март 2019 околу 23:30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и по извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување, ве известуваме дека е направен увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител и пронајдено е починато тело на новороденче, се наведува во соопштението од МВР.

По наредба на јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција. Земени се примероци од крв за анализа од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска.

По насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмичанка хоспитализирана откако се породила дома, бебето го нема

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22-годишно момче се удави во Радика

Редакција

Тешко повреден пешак по удар од „Лада“

Редакција

Побарале поткуп за да не напишат казна за сообраќаен прекршок, кривична за двајца полицајци

Редакција