еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Просечната каматна стапка на нови кредити на историски најниско ниво

Во ноември, продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, којашто оствари месечен пад од 0,02 п.п. и изнесува 5,40%, информира Народната банка.

„Просечната каматна стапка на вкупните депозити се сведе на ниво од 1,42% и во однос на претходниот месец забележа намалување од 0,01 п.п.

Просечната каматна стапка на одобрување нови кредити, во текот на ноември, забележа месечен пад од 0,17 п.п. и изнесува 4,75% и со тоа се сведе на историски најниското ниво, анализирано од 2005 година наваму. Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е забележан месечен раст од 0,21 п.п. и таа изнесува 1,59%“, информираат од НБРМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пациент од Велика Британија доби „нов“ граден кош во клиниката „Жан Митрев“

Редакција

(Видео) Два нови случаи на заболени од корона вирусот во Македонија

Редакција

МВР на консултантски услуги за биометриски документи ќе потроши три милиони денари

Редакција