еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во мај 31.407 денари

Просечната месечна нето-плата во мај 2022 година по вработен изнесува 31.407 денари, што е за 2.686 денари повеќе во однос на истиот месец лани или за 9,4%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај изнесува 46.972 денари.

Според денешните објавени статистички податоци ова зголемување се должи пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите -угостителство 19.7 %, потоа уметност, забава и рекреација со раст од 16.1 % и во преработувачка индустрија 14.3 %.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите – здравство (11.0 %), трговија на големо и трговија на мало (1.8 %) и административни и помошни услужни дејности (1.0 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Здравствен дом-Кратово за набавка на теренско возило вреден 17.000 евра

Редакција

Горивата поевтинуваат од 2,5 до три денари за литар

Редакција

Скопскиот аеродром по 7. пат најдобар аеродром во Европа во категоријата на негова големина

Редакција