еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната плата се искачи на 25.435 денари: За еден месец пораст од 308 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 25.435 денари, што е пораст за 308 денари во однос на август, годинава кога изнесуваше 25.127 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година се зголемила за 4.4 отсто.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (8.8 %), Административни и помошни услужни дејности (7.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.3 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (5.0 %), Образование (3.0.%) и Преработувачка индустрија (1.9 %)“, соопшти ДЗС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нормализирана работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола

Редакција

УЈП распродава запленети возила по багателни цени

Редакција

„Еко-теам“ го доби тендерот за санација на колекторскиот систем Охрид-Струга вреден пет милиони евра

Редакција