еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната плата се зголеми за 145 денари за еден месец

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2018, изнесувала 24.355 денари, што е зголемување за 145 денари во однос на август 2018 година кога просечната плата изнесувала 24.210 денари, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година се зголемила за 4,8 отсто.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен  во секторите: Рударство и вадење на камен (21.9%), Информации и комуникации (15.2%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (11.1%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (4.0%), Образование (2.4%) и Други услужни дејности (1.5%).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Секјурити груп сервисес“ го доби тендерот на Фондот на Холокаустот на Евреите за физичко обезбедување вреден 34.000 евра

Редакција

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 2,50 на 2,25 проценти

Редакција

Васко Ковачевски поднесе оставка од лични причини, на негово место доаѓа Васко Стефанов

Редакција