еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Протестен марш” на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Мицкоски порача дека тој не треба да му кажува на народот што да прави за референдумот

Протестен марш под мотото „Македонија ќе победи”, денеска во Кичево одржаа членовите и симпазитери на ВМРО-ДПМНЕ, кој го предводеше лидерот Христијан Мицкоски.

Тој во својот говор зборуваше за актуелната политичка и економска, состојба, а акцентот го стави на престојниот референдум за името и договорот со Грција, порачувајќи дека тој лично не треба да му кажува на нардот што да прави по овие прашања.

“Кој е Христијан Мицкоски да му каже на народот што треба да прави, да се обидува да го замајува со скапи маркетиншки трикови и странски ПР советници. Кој ми го дал мене тоа право? Моментот кога одбрав да влезам во политиката, свесно одбрав да бидам слуга на тој мој народ и тоа ќе продолжам да бидам.

Не може за национално прашање политички елити да одлучуваат. Ова не се партиски надитрувања, иако знам дека на СДСМ позициите во партијата им се над се, на нас Македонците и нацијата ни е се и над се . Нема партиите да одлучат, за национално прашање ќе одлучи нацијата и на нејзината одлука ќе биде конечна за сите партии и за сите политичари. И сите заедно ќе излеземе дента после тоа пред нацијата и  ќе се поклониме каква и да биде таа одлука. Народот ќе одлучи“, рече Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потврдено: Папата Франциск на 7 мај ќе ја посети Македонија

Редакција

Пановски за „еМагазин“: Лесно ја поднесувам состојбата со Ковид-19, ми помагаат децата, спортот, не пијам витамини

Силвана Жежова

Програмерите убедливо најплатени со просечна плата од 68.255 денари

Редакција