еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Пругата кон Бугарија стана политички виц: За бавната изградба може да влеземе во Гинис

Македонија е една од ретките земји во Европа која нема железничко поврзување со две соседни земји (Бугарија и Албанија), а една од главните причини за тоа е бавноста на владејчките политички гарнитури во реализацијата на капиталните инвестиции во железничката инфраструктура.

Најдобар пример за тоа е изградбата на пругата кон Бугарија. Станува збор за проект започнат пред петнаесетина години. За тој период неколку различни владини состави ветуваа доизградба, што никогаш не се случи.

Станува збор за изградба на три делници. Првата делница Куманово- Бељаковце е во должина од 30 километри и чини околу 40 милиони евра, втората траса Бељаковце- Крива Паланка 140 милиони евра, третата делница Крива Паланка – граничен премин Бугарија е најскапа, бидејќи поминува низ планини и изнесува 405 милиони евра, од кои 60,8 милиони евра се грант од ИПА. Целата делница од Куманово до Бугарија треба чини над 580 милиони евра.

Актуелниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески неодамна изјави дека согласно роковите пругата од Куманово до Бугарија треба комплентно да биде завршена до 2025 година.

Тоа значи дека на нашата земја и требаат повеќе од дваесет и кусур години за да изгради неколку десетици километри пруга, што е период со кој би можеле да конкурираме за бавност во книгата на рекорди на Гинис.

Фото: Министерство за транспорт и врски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трифонов против францускиот предлог: Во Македонија нема бугарско малцинство, туку Бугари, нема и македонски јазик

Редакција

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Редакција

Во Украина досега убиени најмалку 10.000 цивили, од кои 500 се деца

Редакција