еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прв функционер во Македонија: Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус

Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев вчера добил известување дека е позитивен на коронавирусот, откако заедно со сопругата направил две тестирања на приватните клиники „Систина“ и „Филип Втори“ во Скопје.

Испитувањата Крстев ги направил откако кон крајот на март бил кај фризерот од Кочани, кој во понеделникот почина на Клиниката за инфективни болести како последица од вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како и зошто од коронавирусот почина фризерот од Кочани кој имаше 40 години

– По информациите дека фризерот е заболен, на своја иницијатива направивме две тестирања со сопругата, при што првиот тест беше негативен, а вториот позитивен. Од 1 април сум во самоизолација, а ги известив и вработените во Општината да ја применат истата мерка.

Во моментот немам никакви симптоми за нарушена здравствена состојба, но ќе видиме како ќе биде во наредните денови, вели  Крстев.

Во меѓувреме матичната лекарка на градоначалниот Крстев, Јасминка Ајтовска ги повика сите жители на Општината да се јават кај своите матични лекари.

– Секој кој во последните 10 дена бил во контакт со градоначалникот или со некој од вработените во Општината да се јави кај својот матичен лекар за понатамошни инструкции и лична заштита. Да не се создава паника. Заболени од коронавирусот нема, но има позитивни од општинската зграда, кои се без симптоми, истакна Ајтовска.

Градоначалникот Крстев порача дека не треба да се создаваат паника и негативни ставови во јавноста за него и членовите на неговото семејство, ниту пак за кој било друг граѓанин кој е позитивен на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Мапа) Детален преглед: Број на заболени со коронавирусот по градови

Дури 69 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот

Сите детали: 6 починати за 24 часа во Македонија, двајца имале контакт со потврден случај, еден неодамна патувал

Детален преглед: 18 лица од новозаболените имале контакт со потврден случај на коронавирусот

МИА/Фото: Фејсбук/ Крстев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата преку кампањи ќе ги едуцира граѓаните за вакцините против Ковид-19 и за корупција

Редакција

Скопје Прајд: Луѓето од ЛГБТИ заедницата се дел од општеството и ги заслужуваат човековите права и слободи

Редакција

Со кратење на шест дневници, Европарламентот го казни бугарскиот европратеник Џамбаски поради нацистичкиот поздрав

Редакција