еМагазин
Image default
Македонија

Прв случај на коронавирусот во Пехчево, градоначалникот повика да не се шири паника и дезинформации

Во Пехчево е регистриран првиот случај на коронавирусот. Информацијата преку Фејсбук вчера ја соопшти градоначалникот на Општината, Драган Тренчовски.

“Денес, кога на територијата на Пехчевскиот регион е дијагностициран првиот инфициран пациент со корoна вирусот, чувствувам потреба како градоначалник на општина Пехчево, но пред се како ваш сограѓанин, да Ве повикам на смирено и разумно однесување.

Во овие вонредни околности и во услови на светска пандемија мораме да ја прифатиме реалноста дека вирусот побрзо или побавно ќе дојде и на територијата на општина Пехчево.

Но, оваа реалност, наместо паника и ширење дезинформации, од сите нас бара да покажеме висок степен на сериозно и одговорно однесување, целосно почитување на мерките и препораките на институциите и грижа за сопственото здравје и здравјето на вашите најблиски.

Апелирам да се почитува личноста и угледот на секој поединец независно дали е инфициран, тестиран, во самоизолација или во хотелски карантин.

Идентитетот на инфицираното лице воопшто не е важен. Отфрлањето од заедницата на лицата кои се тестирале е неетичко. Наместо тоа, да покажеме солидарност и искрени желби за брзо опоравување на сите инфицирани со корона вирусот.

Почитувани сограѓани,

Во овие вонредни околности потребно е да бидеме внимателни и да го извлечеме најдоброто од нас.

Ве повикувам да ги почитуваме препораките на институциите и општинскиот кризен штаб, да дадеме целосна поддршка на здравствените работници, лекари, медицински сестри, болничари, но и на сите други вработени во комуналните служби кои во овие вонредни околности даваат надчовечки напори за спречување на ширењето на вирусот“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 179 лица во Македонија излекувани од коронавирусот, нов раст

Бројот на починати од коронавирусот во Македонија порасна на 51

Двајцата новопочинати од коронавирусот од Скопје и Штип имале кардиоваскуларни болести

Фото: Фејсбук/Тренчовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радев бара посебно поглавје во преговарачката рамка за Македонија

Редакција

Македонија одбележува 30 години независност

Редакција

Судење за случајот „Двојник“: Петмина од обвинетите за лажните пасоши признаа вина

Редакција