еМагазин
Image default
Македонија

Прв случај на наставничка во Прилеп заразена од коронaвирусот, 20 ученици во самоизолација

Во Прилеп денеска е потврден прв случај на наставничка инфицирана со Ковид- 19 и 20 ученици од второ одделение од прилепското основно училиште „Климент Охридски“ се ставени во самоизолација.

По потврдениот случај на наставничката инфицирана со коронавирусот постапено е согласно протоколите за работа во основните училишта. Со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, наставничката и 20 ученици од второ одделение од ова прилепско основно училиште, се ставени во самоизолација во траење од 14 дена, информираат од прилепската локална самоуправа.

Инаку, од Центарот за јавно здравје соопштуваат дека денеска во Прилеп има 25 нови случаи на заразени од коронавирусот, а 14 лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи во Општината изнесува 191, од кои 155 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување. Во домашна изолација и во самоизолација се 420 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата во Прилеп е 864 лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот пак „ќе го бара“ Никола Груевски: Каде е екс-премиерот?

Редакција

(Видео) Нова „бомба“ на Антонио Милошоски: „Заев договорал одлуки на Врховниот суд“

Редакција

Починаа шест нови лица од корона вирусот, помеѓу кои и 34-годишен заболен

Редакција