еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прва парада на гордоста на 29 јуни во Скопје

Првата парада на гордоста ќе се одржи на 29 јуни во центарот на Скопје, најави денеска Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

Активистот Антонио Михајлов изјави дека Парада на гордоста е протест во кој ЛГБТИ луѓето бараат афирмација, заштита и поддршка на човековите права од страна на државните институции и сите граѓани, активисти, културни и уметнички работници кои имаат прогресивни ставови и вредности, и кои покажуваат солидарност и поддршка на оваа борба.

Додаде дека парадата креира простор што еманципира и ослободува, и е отворен за сите, без разлика на нивната нација, вера, род, сексуална ориентација, родов идентитет.

„Годинава се одбележува 50-годишнината од првите демонстрации во Њујорк, познати како Бунтот од Стоунвол, кои беа пресвртна точка за создавање на ЛГБТИ движењето, односно борбата за почитување на основните човекови права и спротивставување на прогонот и стигматизацијата на ЛГБТИ луѓето“, изјави Кочо Андоновски, член на организацискиот одбор.

Тој додаде дека нашата држава е последната земја од регионот што организира Парада на гордоста.

Ирена Цветковиќ од Организацискиот одбор се надева дека оваа парада на гордоста ќе биде една од најбезбедните и појасни дека освен МВР и тие будно ќе ја следат ситуацијата и ќе вложат напор секој поединец што ќе присуствува на Парадата да се чувствува безбедно.

МИА/Фото: nationalmortageprofesional.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Генералниот секретар на ОН го осуди „јасното кршење на хуманитарното право“ во Газа

Редакција

Инвестиција на ТАВ Македонија: Во март 2022 година ќе се реновира пистата на скопскиот аеродром

Редакција

Сашо Мијалков во менгеме: ВМРО-ДПМНЕ го избрка, СДСМ го притвори

Редакција