еМагазин
Image default
Локално

Прва венчавка во Кочани по пауза од два месеци поради вонредната состојба за корона вирусот

Подрачната канцеларија на Управата за водење матични книги од Кочани попладнево ја направи првата венчавка по прекинот од над два месеца по воведувањето на вонредната состојба во државата поради епидемијата од коронавирусот.

При венчавањето беа почитувани пропишаните мерки за здравствена заштита, односно во просторијата присуствуваа само младоженците, двајцата сведоци и матичарот, за кои беа обезбедени маски и средство за дезинфекција.

„Од почетокот на вонредната состојба, односно од 6 март досега немавме ниту еден склучен брак, така што веќе закажаните венчавки беа одложени. Во меѓувреме имаше барања за венчавка на лицата кои поради остварување некакви законски права, заминување во странство или по други основи имаа потреба да склучат брак, па им дадовме приоритет.

За оваа и за наредната недела веќе имаме евидентирано неколку пријави за венчавање и тие ќе бидат реализирани според распоредот што веќе се изготвува“, истакна Косте Вучков, матичар во подрачната канцеларија на Управата за водење матични книги од Кочани.

Според Вучков, прекинот во регистрирањето бракови бил најдолг досега, со оглед што никогаш досега не се случило да нема најмалку две венчавки во текот на една недела.

Од увидот во евиденцијата на подрачната матична канцеларија може да се утврди дека просечно годишно во Кочани се склучуваат по околу 300 бракови, а од почетокот на оваа година досега имало само четириесетина венчавки.

Со оглед што и понатаму остануваат препораките и мерките за заштита од Ковид-19, најверојaтно бројот на регистрирани бракови во општината ќе биде преполовен.

МИА/Фото: Општина Кочани

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новозаболените од коронавирусот во Скопје се заразиле на сеемен настан

Загрижувачки тренд: Две убиства на жени за неполни две недели во време на корона кризата

Новозаболените со коронавирусот во Тетово се заразиле на погреб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина работник од кривопаланечко

Редакција

Ученик завршил во Ургентен центар откако го претепале соученици од Чаир

Редакција

Обвинение за 12 лица за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тестови

Редакција