еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Првата дама на изведбата на бродвејскиот мјузикл „Ени Јуниор“: Ени потсетува на универзалните човекови вредности

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска присуствуваше на изведбата на бродвејскиот мјузикл „Ени Јуниор“ на македонски јазик, во организација на Здружението за инклузивно и неформално образование „Крео-Аксис“.

„Ени е приказна од децата за деца и возрасни којашто потсетува на универзалните човекови вредности, ја симболизира надежта за посветли денови и праќа порака да шириме добрина околу нас. Ени е доказ дека се’ е возможно; таа е алегорија на истрајноста, љубовта, вербата, упорноста и надежта. Ени ни покажа дека добрината на детето секогаш може да го разбуди детето во возрасниот и на тој начин тие си помагаат и се надополнуваат“, напиша Пендаровска-Ѓоргиевска на нејзиниот фејсбук-профил.

фото: Фејсбук/Елизабета Ѓоргиевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Експратеничката Ленче Николовска се прости од сопругот Тони, кој почина од Ковид-19

Редакција

Денеска претежно сончево време, со утринска магла по котлините

Редакција

Кои две правила треба да се следат за време на пандемијата со Ковид-19 според биоинженерот Кунгуловски

Редакција