еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Првиот човек на Алкалоид, Мукаетов: Не кочи бирократијата на границите, тоа треба да се реши

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на македонската компанија Алкалоид, Живко Мукаетов во интервју за регионалната телевизија N1, вели дека секоја земја на Балканот има некоја своја филозофија и начин како се поставени законите, па затоа треба да се работи на хармонизација на законодавството.

Како што наведува, таксите и даноците се различни во блиски земји и додава дека и покрај тоа што секоја од овие земји е членка на ЦЕФТА, се обидува да го заштити своето производство, што е контрапродуктивно, бидејќи компаниите треба да се борат на слободен пазар.

„Има некои сегменти кои се хармонизирани, но има некои кои не се и треба да се работи на тоа. Застојот на границите е контрапродуктивен, гужви, документи, средства кои компаниите ги трошат за бирократија…„, вели Мукаетов и подвлекува дека треба да се надмине суетата и да се најде подобар начин за сите страни, бидејќи сме мал пазар.

Целото интервју на N1 погледнете го во видеото:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе продава државни деловни згради и простории на државни органи со непосредна спогодба

Редакција

Седуммината повредени кои се во болница во Пирогов се во стабилна состојба, вели Филипче

Редакција

Училиште „Братство единство“ во Дебар сега е „Пенестија“, а „Здравко Чочковски“ се вика „28 ноември“, според денот на албанското знаме

Редакција