еМагазин
Image default
Македонија

Нацрт-амандманот за промена на името на Македонија во Северна Македонија помина на собраниската Комисија

Првиот нацрт-амандман за промена на Уставот денеска помина на собраниската Комисија за уставни прашања со десет гласови „за“ и пет против.

Со овој нацрт-амандман се предлага замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот, освен во член. 36, каде има историски аспект.

На вториот ден од дебатата опозицијата повторно обвини дека целиот процес за промена на името и Уставот се одвивал нетранспарентно и без консензус и оти не е испочитувана волјата на народот искажана на референдумот. Тие предложија со нацрт-амандман да се обезбеди заштита на сето она што значи менување на уставно име.

На ова реплицираше заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски кој ги отфрли обвинувањата дека процесот бил нетранспарентен, и оти не била консултирана опозицијата. Посочи дека биле одржани шест тет-а-тет средби за да се објасни целиот процес.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во целиот процес кажуваше дека овој договор и потпишувањето е одговорност на Владата. Кога имате процес каде перманентно се консултираат опозицијата и претседателот на државата, а тие не се изјаснуваат и ги напуштаат средбите тогаш може да се заклучи дека тоа е бегање од одговорност – забележа Жерновски.

Комисијата за уставни прашања ја продолжува расправата по вториот нацрт-амандман со кој во Преамбулата на Уставот одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен диговор.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев за членот 36 од Уставот: Антифашистичката војна не создаде Северна Македонија, туку Република Македонија

Зборот Македонија со промена на Уставот останува само во член 36: Што пишува во него?

Сите детали: Што пишува во уставните амандмани што ги усвои Владата?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рускоска: Кога ќе имаме цврсти докази за организаторите на настаните од 27 април, тогаш и тие ќе бидат обвинети

Редакција

Забрана за свадби и прослави во затворено во Тетовскиот регион, бараат Филипче и Комисијата за заразни болести

Редакција

Собранието ги верификуваше мандатите на новите шест пратеници

Редакција