еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Прво пасоши, сега кокаин: Кога партиите се караат на „грбот“ на МВР

Македонија е меѓу ретките земји во светот за злоупотреба на институтциите за политички цели, односно во пресрет на избори, а најсвеж пример за тоа е препукувањето меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за лошото, односно ефикасното работење на МВР во случајот со недостигот од образци за пасоши и вчерашната заплена на кокаин.

Преписки и прес-конференции полни со обвинувања меѓу технички министри и заменици министри и партиски членови за тоа кој направил пропуст со навремената нарачка на пасошите го наполнија македонскиот медиумски простор и им дојдоа преку глава на македонските граѓани.

Наместо заеднички да побараат ефикасно решение за проблемот, партиите и надлежните решија овој случај да го искористат за предизборен маркетинг, заборавајќи дека голем број од граѓаните станаа затвореници во сопствената држава неможејќи да извадат пасош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од 1,3 тони по потекло од Колумбија наменет за Копер, Словенија

Уште повпечтлив беше вчерашниот случај со заплената на кокаин по акција на МВР во скопското село Крушопек. Некој им пушти водичка на медиумите, кои пак без да почекаат за официјални информации се затрчаа да објават непроверени податоци, па така во некои вести запленетите количини беа 1 килограм, а некаде 1,3 тони кокаин.

Потоа следуваше караница меѓу партиите и нивните симпатизери чии биле заслугите за ваквата заплена, за која реално се уште не се знаат количините.

Партиите забораваат дека во МВР и во другите институции има и непартиски кадар кој се обидува чесно да си го заработи лебот. Тие луѓе понекогаш знаат да погрешат, но и се најодговорни за нашата безбедност и за тоа треба да им бидеме благодарни.

Затоа, користењето на МВР како вреќа за партиски препукувања во пресрет на изборите не е во ред и треба да престане, бидејќи не доликува оние што секојдневно се жртвуваат за сите граѓани да се користат за добивање евтини дневнополитички поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Изгледа пронајден е начинот како да се задржат сите во Македонија-нема пасоши“: Твитер реакции

Пасоши ќе се издаваат по приоритет, можна времена забрана за издавање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња на новата листа должници на УЈП

Редакција

Кои се фирмите на Дрин Ахмети кои добиле пари од Фондот за иновации

Редакција

Колкави биле примањата на членовите на Надзорниот одбор на Тиквеш лани

Редакција