еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Прво Зоки-Кичеец, па Катица Јанева: Коинциденција или смислен потег?

Македонската јавност конечно го дочека денот кога специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе даде исказ во Јавното обвинителство во врска со аферата „Рекет“, која веќе неколку недели ја тресе државата.

Не може да не се забележи дека еден ден пред Јанева, обвинителството го повика да даде исказ Зоран Милески – Кичеец, кој е второобвинет во случајот за барање поткуп од познати бизнисмени за да се влијае врз исходот на случаите што ги води Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

По неговиот тричасовен исказ, во јавноста веднаш почна да се поставуваат прашања во насока дали постои можност сега Кичеец да се јави како сведок кој би ја потврдил вмешаноста на специјалната јавна обвинителка во „Рекет“.

Не треба да се заборави, дека и претходно познати бизнисмени од обвинети станаа сведоци, како и дека на аудио снмиките што ги објави италијансиот весник „Ла Верита“ може да се чуе гласот на Јанева. Најпосле, таа потврди дека нејзиниот глас се слуша на снимките.

Уште едно битно прашање кое кружи во јавноста е дали истрагата ќе се прошири и дали ќе има нови лица кои ќе бидат осомничени поради вмешаност во овој случај.

Без оглед на тоа каков ќе биде епилогот од случајот „Рекет“ се чини дека најважно е што побргу да има судска разрешница, бидејќи одолговлекувањето само остава простор за сомнеж за нови местенки и задкулисни игри далеку од очите на јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто до сега Боки 13 не бил на распит за “Рекет“?

Дали ќе стане осомничена или сведок: Катица Јанева конечно на распит за “Рекет“

Зоран Милески – Кичеец беше на распит во Обвинителството, утре на ред Катица Јанева

ОК, Катица го договарала Камчев за соработник-сведок, а Боки 13 во која улога е во приказната?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето

Редакција

(Фото) Parklend Hospitality Group одбележа 4 години од своето постоење

Редакција

Дојави за бомба и во Ист гејт и кулите на “Џевахир“

Редакција