еМагазин
Image default
Македонија

Првообинетиот за убиството на Никола Саздовски вели дека не сакал да го убие

Судењето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски продолжува на 7 февруари, за кога Судот донесе одлука да се изврши увид со реконструкција на настанот на лице место кај автобуската постројка во Автокоманда во присуство на сведоците и вештите лица.

На денешното рочиште пред Судот, исказ даваа обвинетите Бесим Бења и Скендер Демири.

Обвинетиот Бесим Беља, во исказ пред судот рече дека на 29 јуни минатата година на автобуската постојка кај „Алкалоид“ меѓу двајцата најпрво имало вербална расправија, по што дошло и до физичка пресметка.

Беља кажа дека сега починатиот Никола Саздовски лошо го погледнал, а тој го прашал зошто лошо го гледа на што Саздовски почнал да го пцуе, а и тој му вратил со иста мера. Потоа дошло и до физичка пресметка меѓу двајцата во која, како што рече Беља, тој два до три пати го удрил Саздо во пределот на градниот кош од левата страна, а Саздо му вратил двапати при што еднаш го удрил во десната слабина, а еднаш во десното рамо.

На почетокот на својот исказ Беља, кажа дека првично бил обвинет за кривично дело насилство и оти му било понудено од Обвинителството да се спогоди за казната.

Второобвинетиот Скендер Демири, во исказот пред судот, рече дека не е виновен и дека не знае зошто воопшто застанале со возилото, бидејќи во моментот конзумирал марихуана.

– Не сум крив, ниту јас, ниту Јетон. Само Бесир има учество. Ние двајца влеговме само со намера да ги раздвоиме, изјави Демири, во исказ пред судот.

Двајцата обвинети, во исказот пред судот, тврдат дека не го знаеле Никола од претходно и оти не се членови на навивачка група, туку се само симпатизери на клубот.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што „шмркаат“ Македонците: Кај дилер откриени 10 грама кокаин и 285 грама парацетамол и кофеин

Никола Осило

Преговорите неизвесни: Ѓоргиев не прифаќа вонреден состанок на заедничката комисија со Бугарија

Редакција

Државниот јавен обвинител Јовески за МИА: Суштествено е да се одлучи кој ќе врши надзор над работата на СЈО

Редакција