еМагазин
Image default
Македонија

Првооделенец од кумановското училиште „Крсте Мирисков“ позитивен на коронавирусот, цело одделение и наставничката во изолација

Ученик од прво одделение од кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“ е позитивен на коронавирусот, соопштија денеска надлежните од училиштето. По препорака на стручните служби од Центарот за јавно здравје целото одделение и учителката се во изолација.

– Наставничката нè информираше дека првин родителот на ученикот бил тестиран во петокот, пред продолжениот викенд, покажан е позитивен резултат, потоа, за време на викендот се појавиле благи симптоми кај ученикот, било извршено тестирање, резултатот стигнал ден подоцна и се покажал позитивен.

Во координација со Центарот за јавно здравје Куманово, известени сме дека превентивно, одделенскиот наставник и учениците од тоа одделение ќе мора да заминат во изолација. Наставата ќе ја продолжат онлајн-изјави директорот на „Крсте Мисирков“, Александар Јовановиќ.

Во ова одделение настава следеле 30 ученици, поделени во две групи по 15 првоодделенчиња.

Наставата се следела со соодветни мерки, меѓу учениците имало и плексиглас паравани, но, превентивно по насоките на епидемиолозите и двете групи и наставничката морале да заминат во изолација од денеска.

– Би апелирал до родителите, до наставниците, до граѓаните, да внимаваме сите, учениците не се 24 часа на училиште, максимално да ги почитуваме мерките, здравјето на најмалите е на прво место, порача Јовановиќ.

МИА/Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 269 случаи на Ковид-19 од 3.449 тестирања

Редакција

Филипче: Тешко е во овој момент да се каже дали ќе има одложување на изборите

Редакција

Секој ден се повеќе се пополнуваат болничките капацитети со болни од корона вирусот

Редакција