еМагазин
Image default
Локално

Првоосомничениот за киднапирање на Италијанката ​сакал да ја убеди да склучи брак со негов роднина

Основниот суд во Охрид одреди осумдневен притвор на две лица на возраст од 19 и 20 години, осомничени дека на 3 јули 2020 година противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на државјанка на Република Италија.

– Првоосомничениот, кој имал привремен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со оштетената, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второосомничениот, негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија.

Откако пристигнале, осомничените ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и се оддалечиле во непознат правец. Настанот бил пријавен од  Амбасадата на Република Италија, по што осомничените биле пронајдени и лишени од слобода, стои во соопштението од ОЈО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид до Основниот суд Охрид достави Предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени, поради постоење опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело.

Судот го прифати предлогот и со Решение на двајцата осомничени им е определен притвор во траење од по осум дена.

За двајцата постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италијанка киднапирана од 19-годишник од Скопје, чувана заклучена во стан во Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за скопјанката што остави новороденче на улица

Редакција

Кривична пријава за екс-директорот на ЈП „Комуналец“ во Крива Паланка

Редакција

Нема договор меѓу приватниот превозник „Слобода превоз“ и Град Скопје, Градот засега нема пари за подмирување на долговите

Редакција