еМагазин
Image default
Локално

Пукање и масовна тепачка во Кичево

На 19.01.2019 околу 17 часот во ПС Кичево било пријавено дека во с. Пополжани  дошло до  физичка пресметка меѓу В.Г. (66) од Кичево и  И.Л. (39) од Кичево, С.Л. (37) од Кичево, Д.Л. (31) од Кичево и други лица, информира МВР.

Според пријавеното, додека В.М.бил на прозорецот од неговата куќа, по селскиот пат поминувале другите лица и во еден момент се слушнал истрел, кој според пријавеното го испукал В.Г. од својот пиштол.

Веднаш потоа, инволвираните физички се пресметале. По пријавувањето на случајот преземени се соодветни мерки за расчистување. В.Г. е приведен во полициска станица, а во ПС е земена изјава и од другите инволвирани во случајот.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Тетовец во една вечер два пати приведен во полиција

Редакција

35-годишниот маж кој изгоре во стан во Хром бил убиен

Редакција

Трагедија: Овчар почина по пад од карпа

Редакција