еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Пукнаа“ две предизборни „бомби“ поврзани со „Рекет“

На Јутуб корисник под псевдонимот Алибаба Тредичи објави два нелегално снимени разговори, на кои наводно се слуша гласот на адвокатот Васко Димишков, брат на судијката од Кривичен суд, Весна Димишкова како зборува во врска со случајот “Рекет“, кој финализираше вчера.

Гласот што се слуша на снимките зборува за милиони евра, наводно за ослободување од притвор на бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во случајот “Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Обинителката Вилма Русковска за телевизијата „ТВ 24„ потврди дека овој разговор е исечен од аудио снимка која потекнува од доказите во „Рекет“, која Обвинителството ја добило од Зоран Милески Кичеец, осуден во овој случај.

За телевизијата таа вели дека снимката е исечена од разговор кој трае 57 минути и е пуштен во судница на рочиште кое беше затворено за јавноста. Вели дека станува збор за разговор меѓу Димишков и Милески, а на другите разговори е и Ана Камчева, сопруга на Камчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли епилог за „Империја“ по затворските казни за Јанева и Боки 13?

Циркусот „Рекет“ заврши, ама не дознавме каде се парите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За над 70% од Бугарите поважно е решавање на односите Скопје-Софија од зачленувањето на Македонија во ЕУ

Редакција

Се намалува интересот за вакцинација: Ревакцинирани вкупно 636.193 граѓани

Редакција

„Симболико“ го доби тендерот на МВР за услуги од оператор на повикувачки центар вреден 479.000 евра

Редакција