еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Работат, а живеат во сиромаштија

Речиси незабележано помина вчерашната информација на Државниот завод за статистика дека на крајот на 2018 година стапката на сиромашни лица во земјава изнесувала 21.9 % од населението или 455.100 лица живееле во сиромаштија.

Никој не се потресе многу ниту околу податокот дека анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2018 година е 22%.

Според најфреквентниот статус на економската активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8.8 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.9 %, што значи дека во Македонија голем број од работниците и пензионерите немаат доволно пари за нормален живот иако работат односно работеле цел живот и одвојувале пари за придонеси.

Ваквите податоци треба да ги загрижат надлежните, но и голем дел од работодавачите, бидејќи станува очигледно дека во земјава има огромна нееднаквост при распределбата на приходите.

Истовремено, овие податоци само покажуваат зошто постојано расте бројката на иселеници, како и дека допрва доаѓа времето кога „големите македонски газди“ нема да можат да најдат квалификувани работници што може да стане главна причина за затворање на нивните бизниси во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонска неправда: Во банките заштеди од 4,5 милијарди евра, а 455.100 лица живеат во сиромаштија

Дури 455.100 македонски граѓани живеат во сиромаштија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Телевизор и кревет пливаат во Вардар

Редакција

Максимовска – Поповиќ, член на УО на Комерцијална купи 100 акции на банката

Редакција

Пандемијата на коронавирусот долгорочно ќе влијае на менталното здравје, велат од СЗО

Редакција