еМагазин
Image default
Бизнис

Работат само 10 отсто од чевларските претпријатија во Куманово: Недостигаат материјали за работа

Околу десет проценти од чевларските компании во Куманово работат во овој период. Дел од фирмите користат или планираат да користат владини мерки за да се ублажат негативните последици во производството.

Според претседателката на Здружението на чевлари – Куманово, Лидија Милановска, од почетокот на ширењето на коронавирусот, поголем дел од производителите прво се соочиле со недостиг на материјали за работа.

Оваа индустрија беше меѓу најпогодените зашто најголем дел од соработниците на кумановските чевларски компании се од Италија.

„Недостиг на материјали за работа е еден од повеќето услови поради кои фирмите не работат со полн капацитет. Уште со затварање на границите со Кина имавме потешкотии, бидејќи најголем дел од репроматеријалите се набавуваат баш оттаму.

Потоа се надевавме на добавувачи од Италија. За наша несреќа жариштето на коронавирусот во Европа се префлри во Италија. Вонредната состојба во Италија за нашето производство имаше екстремни последици, бидејќи таму се извесуваат полуготовите производи“, изјави Милановска.

Таа додава дека претстојните месеци ќе бидат тешки.

„Но, лично сум оптимист и се надевам дека ќе се избориме со оваа криза“, рече Милановска.

Во Здружението има околу педесетина компании во кои се ангажирани околу 1.400 работници.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОРМ ќе предложи нови мерки за бизнисот заради намалување на штетите од кризата предизвика од Ковид-19

Анкета на Стопанската комора: Отпуштања најавиле 13 отсто од компаниите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Членот на УО, Виктор Стојчевски купи акции во Алкалоид

Редакција

Од утре леб и за 33 денари, пекарите ќе почнат правна битка со Владата

Редакција

(Фото) Малиќи груп гради луксузен комплекс на Истра во Хрватска

Редакција