еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Работилница за млади графичари од регионот по 12. пат се одржува во „Софија“, Богданци

Графичката уметност во наредните десет дена, во Богданци ќе собере дел од најталентираните млади графичари од регионот.

Од 24 август до 2 септември, традиционално по дванаесетти пат ќе се одржи меѓународната графичка работилница „Софија“.

„Навистина сме среќни и горди што она кое започна како скромна иницијатива пред 12 години, денес е еден од најпрепознатливите културни настани во регионот во делот на графичката уметност. Целта е едноставна.

Да се популаризира графиката како начин на уметничко изразување и да се разменат искуства меѓу младите графичари од различните графички академии од регионот“, велат од Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци, кое е организатор на настанот.

На годинешната главна сесија ќе учествуваат 14 уметници (графичари) од Македонија и од странство, селектирани од државните ликовни академии во Скопје, Белград, Нови Сад, Загреб, Осиек, Сараево и Софија. Ментор на работилницата ќе биде Марио Чаушиќ, вонреден професор на Академијата за уметност и култура во Осиек, Хрватска а улогата на асистенти ќе ја имаат Виктор Семенпеев, Сања Жигиќ и Ана Димчевска Семенпеева.

Завршната изложба на создадените дела ќе се одржи на 2-ри септември во изложбениот простор кој функционира во рамките на графичката работилница.

Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година. До сега низ неа продефилираа речиси 200 млади графичари од целиот регион. Улогата на ментори ја имаа истакнати графичари и универзитетски професори од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Убавицата Лиса мелем за очи од Маврово

Редакција

Општина Дебрца покажа како се може: Советот едногласно изгласал парична помош за Сара

Редакција

Еден круг низ градот: Пријави се на Скопје на точак

Редакција