еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Радев задоволен од средбите на Петков во Скопје, потсети да не се заборават главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата соработка треба да биде поддржан. Има многу позитивни сигнали од оваа посета, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, одговарајќи на новинарско прашање за посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Република Северна Македонија, јавува БТА.

За резултатите од посетата на бугарскиот премиер на Скопје, Радев посочи, дека бил информиран на вчерашната сребда со Петков.

– Се надевам, како што кажав и вчера од собраниската говорница, заедно со сите напори за подобрување на поврзаноста, инвестициите, економијата, соработката, да не ги заборавиме главните прашања што треба да се решат и всушност ќе ја отклучат вратата за почеток на преговорите, рече Радев.

Радев, исто така, изрази надеж дека властите во Скопје ќе покажат мудрост и политичка храброст да ги решат овие проблеми, особено, како што рече правата на македонските Бугари, за да може „да ја отвориме вратата за почеток на преговорите за членство“.

– Како одговорна членка на ЕУ, мора да интегрираме партнери, а не проблеми, нагласи Радев.

Според Радев, како што пренесува БТА, уставните системи на двете земји се радикално различни и додека бугарскиот Устав предвидува заштита на индивидуалните права, македонскиот Устав се заснова на заштита на колективните права на делови од народите.

– Сите тврдења дека ако Бугарија бара правата на македонските Бугари, да бидат запишани во Уставот, од друга страна, како реципроцитет, Северна Македонија може да бара македонско малцинство во Бугарија, се апсолутно неосновани, рече Радев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската Влада во вторник во Софија

МИА/Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амнестијата останува на сила: Уставниот суд не поведе постапка за Законот за амнестија за „27 април“

Редакција

Убава вест: 539 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

РКЕ почна постапка за одземање на лиценците на РКМ, Супер трејд, Пертинакс и ЛИЛ оил

Редакција