еМагазин
Image default
Локално

Радовишанец сакал да прегази полицаец и се забил во полициско возило

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против С.Р.(26) од Радовиш поради основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“, информира МВР.

На 17 септември 2018 година во 19:35 часот во Радовиш на улица „Калаузлиска“, на полигонот за полагање на возачки испит, при преземање на службени дејствија за приведување на пријавениот кој се бара по потерница, истиот со патничко моторно возило „Опел Астра“ се упатил кон полициски службеник кој успеал да го избегне возилото, а потоа удрил во службеното возило „Шкода Јети” и се дал во бегство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силниот ветер низ Македонија оштети покриви, урна дрвја, предизвика пожари

Редакција

Филмска трка во Штип: Со возило сакал да удри полицаец, па се обидел да побегне

Редакција

По 10 месеци без прегледи, жените од Општината Шуто Оризари ќе добијат гинеколог

Редакција