еМагазин
Image default
Локално

Ракетен фрлач, гранати и бомби откриени во нива кај село Матејче

На 23.04.2019 година во 09.30 часот на место викано „Матејачки штали“ во село Матејче, во нива биле пронајдени гранати РРФ 40 мм, куршуми калибар 7,62×56мм, две рачни бомби со запалка кинеско производство, еден рачен ракетен фрлач(РРФ) со цевка кородиран, постоље за истиот, една дигитална нишанска справа со метална кутија и едно постоље за неа, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предметите биле безбедно подигнати.

Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен манијак од Чаир: Вознемирувал жени и ги допирал по телото

Никола Осило

За да не се прават гужви летово привремен сообраќаен режим на А2 делницата Скопје-Охрид-Скопје

Редакција

На лажен адвокат му платила 26.900 евра

Никола Осило