еМагазин
Image default
Локално

Раководството на градинката „Буба Мара“ треба да го расветли случајот со дрското однесување на негувателка

Министерството за труд и социјална политика го заврши вонредниот инспекциски надзор во градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче, направен вчера, по писмен допис на родител, соопштуваат од МТСП.

„При надзорот, освен што се земени писмени изјави од директорот, психологот и педагогот, МТСП го задолжи раководството на градинката во најкраток можен рок да го расветли случајот.

Министерството за труд и социјална политика посветено работи на подобрување на условите во детската заштита и доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките, затоа што секое дете ни е важно“, се вели во соопштението на МТСП.

Од таму велат дека раководството е во постојана комуникација со родителите на децата со кои за попладнeво е закажана родителска средба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрско однесување на негувателка во градинка, вонреден инспекциски надзор во „Буба Мара“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Водата во Охридското Езеро е чиста и исправна за капење

Редакција

Откако почина пациентка, затворени операционите сали во болницата во Прилеп, се чекаат резултати од испитувањата

Редакција

Во големиот пожар кај Саса, и авиони учествуваат во гаснењето

Редакција