еМагазин
Image default
Македонија

Рама и го честита роденденот на Република Северна Македонија

Срдечни честитки до премиерот Зоран Заев и до сите оние кои се бореа за овој историски ден, напиша на Твитер албанскиот премиер Еди Рама, по изгласувањето на одлуката од страна на македонскиот законодавен дом за пристапување кон измени на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа.

-Среќен роденден Република Северна Македонија. Искрени честитки за премиерот Зоран Заев и за сите оние кои се бореа за овој историски момент. Денеска се отвори нова врата за иднината за нашите два народа во Република Северна Македонија. Почит, напиша Рама на Твитер на англиски и албански јазик.

Инаку, албанските медиуми, без исклучок, отстапија широк простор за случувањата во македонскиот Парламент, а експресно ја пренесоа и веста за изгласувањето на одлуката, оценувајќи го тоа како историски момент.

Медиумите пренесоа и делови од изјавите на премиерот Заев и лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Мицковски,со посебен акцент дека пратениците кои гласале за одлуката се веднаш исклучени од партијата. Место беше отстапено и за реакциите на еврокомесарот Хан и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, како и за честитката на грчкиот премиер Ципрас до премиерот Заев.

МИА/Фото: Влада на РМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нимиц: Ова е голем напредок, ги охрабрувам лидерите конструктивно да го финализираат Договорот

Столтенберг: Го поздравувам гласањето на парламентот во Скопје за предложените уставни измени

Хан: Ни треба државништво, а не партиски игри

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски: Македонија е ослободена од борците на НОБ и за тоа не треба да се дебатира

Редакција

Полицијата го повика на разговор Миленко Неделковски

Редакција

Што пишува во отвореното писмо на група македонски интелектуалци до ЕУ за ставовите на Бугарија

Редакција