еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Рамсторе Македонија заедно со три македонски компании ја преставија Македонија на „Мигрос фестивал на добра иднина„

Мигрос го организираше најголемиот малопродажен саем во Турција, во Конгресниот центар во Истанбул во периодот 5-7. април под мотото „Мигрос фестивал на добра иднина„.

Саемот ги обедини производителите, добавувачите, земјоделците, вработените и купувачите со кои заедно создаваа вредности во текот 65-годишната историја на Мигрос.

На саемот поставен на вкупна површина од 20.000 квадратни метри, присуствува 4.000 брендови, повеќе од 400 добавувачи, како и 2.500 вработени на Мигрос од 81 провинција во Турција.

Саемот беше посетен од страна на 140.000 посетители.

„Станавме пионери во малопродажниот сектор организирајќи свој саем со екосистемот со кој веќе 65 години заедно произведуваме вредности. На едно место ги собравме боите, вредностите, вкусовите на секој регион на Турција. На тој начин создадовме една слика на Турција. Во текот на 3-дневниот саем на едно место ги собравме нашите 4 илјади брендови, над 400 добавувачи и вработените од сите четири страни на Анадолија“, изјави членот на Извршниот одбор на Групацијата Мигрос, Џем Родослу.

Кој ја преставуваше Македонија

На Саемот зеде учество и Рамсторе Македонија, како дел од Мигрос гурпацијата со поставување на штанд заедно со уште три успешни македонски компании Европа, Виталија и Витаминка, со цел да се промовира 13 годишното усешно постоење на Рамсторе на македонскиот пазар и претставување на  Македонија како земја преку презентирање на вкусна традиционална храна, природни убавини, богато културно – историско наследство и промоција на македонските туристички вредности.

Штандот на Македонија привлече големо внимание како кај посетителите, така и кај преставниците на големи компании кои имаа можност да се запознаат со македонските производи, и да го осознаат нивниот уникатен квалитет и карактеристики организирајќи дегустации за бројите посетители, дистрибутери увозници од цела Турција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска премиера на „Ругање со Христос“ на „Киненова“: Поканет и министерот за култура

Никола Осило

Park hotel & spa трета година по ред поддржувач и партнер на најголемиот спортски настан во градот

Редакција

JСП со нови линии за Саемот за мебел: Еве го возниот ред и трасата на движење

Редакција